На премиерот Зоран Заев не му се познати Кики и Фрики. Тој на прес конференција рече дека Кики и Фрики за него не постојат.
– Кики и Фрики за мене не постојат. Ако не се кажуваат имиња не постојат. Јас го поттикнувам истражувачкото новинарство, истражете кажете јавно имиња за што може некој да тужи, па ќе зборувам и јас. Шпекулациите некој пат нанесуваат рушење на чест и углед кај луѓето. Кога ќе се соопштуваат имиња, јас тогаш ќе бидам директен – рече Заев.
Тој рече дека секој кој се огрешил пред законот ќе си ја одлежи казната.