За преговорите со Грција се огласи и македонскиот амбасадор во Атина

970

Средбата Димитров – Коѕијас – Нимиц ќе игра клучна улога во перспективата за решение во следниот период, вели Дарко Ангелов, македонскиот амбасадор во Атина,  за денешното издание на грчкиот весник „Та неа“, во однос на новата рунда разговори.

Ангелов вели дека постои напредок во преговорите, кои на ниво на министри за надворешни работи се интензивирани во изминатиот период, но сепак остануваат основните разлики.

– Како што изјави и министерот Димитров, во изминатиот период беше забележан напредок во многу аспекти за едно веројатно решение. Сепак, остануваат основните разлики што се однесува на инсистирањето на Грција за промена на нашиот Устав и опсегот за користење на името. Сега влеговме во многу критична фаза за преговорите и средбата на двајцата министри, овој пат со присуство на специјалниот претставник на ОН Метју Нимиц, ќе одигра клучна улога во перспективата за решавање во следниот временски период – вели Ангелов за „Та неа“, јави дописничката на МИА од Атина.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...