За прв пат во Македонија e извршена хируршка интервенција според Методот на Хилвенсаро

627

Познатиот доктор-трауматолог од Куманово, Илир Хасани, за прв пат во Македонија изведе хируршка интервенција за санирање скршеница на Ацетабулум со таканаречен Преден Интрапелвик Пристап (anterior intrapelvic approach).

После извршената успешна интервенција во Клиниката „Мајка Тереза“ во Скопје, Хасани зборува за предноститет на овој хируршки пристап.

-Прелистувајќи различна литература и благодарение на учеството во разни конгреси низ светот, слушнав за овој вид на хируршка интервенција, кој има голем број предности во однос на хируршката интервенција според Леторунел. Иако е потешко за изведување, предностите на овој метод доаѓаат во израз давајќи резултати за многу побрзо стабилизирање и рехабилитација на пациентот, намалувајќи го значајно пост-хирршкиот морбидитет. Оваа метода за прв пат е изведена на Централната Универзитетска Болница во Хелсинки од страна на др. Хилвенсаро (од кого го добил и името), како и од Јанг Линдахл, со кого сум во постојан контакт во врска со овој вид на операција -изјави др. Илир Хасани за весникот Лајм.

Тој објаснува дека досега сите хируршки зафати во Македонија се остварени со таканаречен илоингуинален пристап според Летоурнел, пристап кој за прв пат во Македонија го донесе др. Савевски.

-Многу сум благодарен на дроктор Савевски кој ме научи на оваа хируршка метода – вели Хасани.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...