За првпат во Полска родена шестка

86
Бесплатна фото

Во Универзитетската болница во Краков, јужна Полска, жена со царски рез родила шест деца, што е прв таков случај во земјата. Од бебињата, четири се девојчиња, а две машки.

Веројатноста да се родат шест бебиња одеднаш, е еден спрема пет милијарди. Мајката и новороденчињата се добро.

– Ова е првпат во Полскa да се роди шестка, а тоа е ретко и во светски рамки… А всушност, докторите очекуваа пет бебиња – изјави одговорниот во болничкото неонатолошко одделение, Ричард Лотербах.

Родителите добија честитки  и од полскиот претседател Анджеј Дуда, а локалниот фудбалски клуб Краковија понуди доживотни влезници за нивните натпревари.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...