За првпат во ЕУ одобрени лекови со канабис за епилепсија

Употребата на лекот сега е дозволена во Велика Британија и во други европски земји, но се уште не е препорачана од британскиот Национален институт за здравство затоа што „нема докази за долгорочна ефикасност“.

169

Европската унија за првпат дозволи употреба на производи од канабис во медицински цели, но само за пациенти кои страдаат од две ретки форми на детска епилепсија.

Тоа е Епидиолекс – лек добиен од канабис што содржи канабидиол, главна состојка во медицинската марихуана.

Терапијата е дозволена во два случаи на детска епилепсија – синдром на Ленокс Гасто и синдром на Дравет – кои се тешки за лекување и можат да предизвикаат до неколку напади на ден.

Употребата на лекот сега е дозволена во Велика Британија и во други европски земји, но се уште не е препорачана од британскиот Национален институт за здравство затоа што „нема докази за долгорочна ефикасност“. Лекот е на компанијата ГВ Фармасеутикалс и може да се користи во комбинација со други лекови за епилепсија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...