За првпат Благодатниот оган од Ерусалим ќе се донесе во Скопје

Брегалничкиот владика Иларион од Софија со хеликоптер ќе го донесе Благодатниот оган во Скопје од каде ќе биде разнесен до сите православни светлишта низ Македонија.

405

Благодатниот оган што секоја Велика сабота веќе два милениума чудесно се појавува на гробот на Исус Христос, денеска од Ерусалим преку Софија ќе пристигне и до православите верници во Македонија.

Ова е првпат МПЦ-ОА за Велигден официјално да го добие Благодатниот оган и тоа со помош на Бугарската православна црква.

Митрополитот брегаланички Иларион со благослов на поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан, вечер на софискиот аеродром ќе го преземе Благодатниот оган од бугарскиот митрополит Антониј кој ќе го донесе од Ерусалим. 

Владиката Антониј треба да слета на аеродромот во Софија во 19.30 часот по бугарско време, по што Благодатниот оган ќе биде пренесен до сите храмови во Бугарија и во Македонија.

Брегалничкиот владика Иларион од Софија со хеликоптер ќе го донесе Благодатниот оган во Скопје од каде ќе биде разнесен до сите православни светлишта низ Македонија.

Благодатниот оган се пали на чудесен начин секоја година на Велика сабота на гробот на Исус Христос во Ерусалим. Благодатниот оган се смета за чудо во православието, бидејќи се пали единствено во рацете на ерусалимскиот патријарх и во првите моменти не зрачи топлина и не предизвикува изгореници.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...