За првиот елетромотоцикл изработен на ЗД печатач потребни биле три дена и 2.600 долари

139
ФОТО: Принтскрин

Компанијата „БигРеп“ го произведе првиот елктромотоцикл изработен со помош на 3Д печатач, јави Би-Би-Си.

Мотоциклот се состои од 15 делови, од кои само моторот и акумулаторот не се изработени со 3Д печатачот.

Директорот во компанијата Штефан Бајер информира дека новиот елетромотоцикл бил изработен за три дена и дека трошоците за негово производство изнесуваат 2.600 американски долари.

– ЗД печатачот ни овозможува да ги надминеме ограничувањата и да изработиме апсолутно нови карактеристики и дизајн. Ќе беше невозможно да го изработиме нашиот мотоцикл со традиционалните методи – додаде Бајер.

Компанијата „БигРеп“ е специјализирана за изработка на уреди и апарати со 3Д печатачи.

ФОТО: Принтскрин

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...