Помалку од еден час поранешната специјална обвинителка Катица Јанева се задржа на распит кај обвинителката за гонење на организиран криминал Вилма Русковска.
Новинарските екипи се пред Обвибнителството во очекување некој од адвокатите на Јанева да даде изјава.
Јанева со полициски возила и комбе и со лисици на рацете беше спроведена во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција од затворот во Шуто Оризари. Таму таа се наоѓа како третоосомничена во случајот „Рекет“.
Истрагата за Катица Јанева, но и за Бојан Јовановски – Боки 13 и Зоран Милески – Кичеец, како што соопштија од Обвинителството, е завршена вчера кога и почна дс тече рокот од 15 дена за увид во доказите