За папата се прави специјална столица, ќе седи на неа на плоштадот во Скопје

887
Photo: EPA-EFE / GIUSEPPE LAMI

Папата Фрациск на 7 мај ќе ја посети Македонија, а негов домаќин ќе биде претседателот Ѓорге Иванов чиј мандат трае до 12 мај 2019.

Папата ќе прошета низ Скопје, а целата церемонија и свечената литурија која треба да трае и повеќе од еден час ќе биде на плоштадот во центарот на градот, пишува порталот Фактор. Според нивните информации, за таму се подготвува посебна сцена, а големиот гостин ќе седи на Столица која во Македонија се изработува само по тој повод. Столицата ќе биде достојна за неговата личност, но како што велат нашите извори, доста скромна.  Потоа таа ќе остане во Католичката црква во Скопје. За таму, посебно за доаѓањето се прават две нови скулптури, едната на Свети Антон, а другата на Мајка Тереза.

Photo: EPA-EFE / GIUSEPPE LAMI

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...