Русија денеска соопшти дека ќе бидат потребни меѓу осум и 10 месеци за развој на вакцина против коронавирус, изјави рускиот министер за здравство, Михаил Мурашко.
– Денес вакцината не може да се развие за краток временски период, рече Мурашко, додавајќи дека вакцината се развива најмалку осум до 10 месеци и дека тоа подразбира само почетна фаза без клинички испитувања.
Русија и Кина заеднички работат на развој на вакцина против коронавирусот.
– Руски и кинески експерти почнаа да ја развиваат вакцината, се наведува во соопштението на официјалната веб-страница на рускиот конзулат во кинескиот град Гуангжу.