За опозициите во двете страни Договорот не е добар

Мое мислење е дека сѐ додека Груевски не се притвори тој ќе има силно влијание на нашиот Мицкотакис и Хорхе, па така тие силно ќе се заложат референдумот да не успее, земјата да не влезе во НАТО и да не почнат преговорите со ЕУ што тоа им е крајната цел.

1073

Спогодбата склучена меѓу Првата страна, Грција и Втората страна (Македонија) именувани како „Страните„ во членот 1 пишува, цитираме:
„… а) Официјалното име на Втората страна ќе биде „Република Северна Македонија„, што ќе претставува уставно име на Втората страна и ќе се употребува erga omnes, како што е предвидено во оваа Спогодба. Скратеното име на Втората страна ќе биде „Северна Македонија„.
б) Државјанството на Втората страна ќе биде македонско/граѓанин на република Северна Македонија, како што ќе биде заведено во сите патни документи.
в) Официјалниот јазик на Втората страна ќе биде „македонски јазик„, како што е признаено на Третата конференција на ОН за стандардизација на географските имиња, одржана во Атина во 1977 г. …
г) Термините „Македонија„ и „македонски„ го имаат значењето дадено во член 7 од оваа Спогодба…„

Од горниот текст јасно е дека нашиот (на Првата страна) национален и јазичен идентитет е признат од Втората страна, Грција, со тоа што државјанството ќе биде македонско (за Македонците) односно државјанин на Република Северна Македонија (за другите етнички заедници) и е признат македонскиот јазик на кој зборуваат Македонците. Исто, придавката македонски ќе се применува во сите случаи (македонска историја, македонско стопанство, македонски фолклор и т.н.) освен кога не се работи за државни органи и други јавни институции кога мора да се применува во согласност со официјалното име „на Република Северна Македонија„ или со скратеното име „на Северна Македонија„ (на пример, Министерство за внатрешни работи на Република Северна Македонија и т.н.).

На мене и на било кој разумен човек не е јасно како може опозицијата во Македонија, партијата ДПМНЕ со нејзиниот лидер во Спогодбата гледаат дека е нарушен македонскиот идентитет, дека биле загрозени националните интереси, дека Договорот претставувал предавство на државата и Македонскиот народ и многу други небулози во тој стил. Опозицијата претставена во партијата ДПМНЕ го прогласи Договорот за капитулантски и штетен за Македонија и најави дека на најавениот референдум ќе гласа против Договорот и нема да дозволи промена на Уставот заради промена на името. Таа најави дека ќе се борела со демократски средства против Договорот со Грција со крајна цел референдумот да не успее и ќе делува во тој правец. Но знаејќи ги демократските капацитети на партијата ДПМНЕ, што го потврдија насилните протести на „тврдокорните патриоти„ и комити на вмро-то, може да се случи да го бојкотираат референдумот а со тоа да го доведат во прашање позитивниот резултат на референдумот.

Интересно е да се спомене дека и Грчката опозиција Нова демократија предводена од нејзиниот лидер Мицотакис исто тврди дека Договорот е штетен за Грција и дека со него се издадени националните интереси на државата. Лидерот на опозицијата на Грција изјави дека нема да гласа за Договорот, а по предлог на опозицијата Грчкиот парламент расправаше за доверба на Владата на Ципрас во што не се успеа.
Интересен е фактот што истиот Договор го напаѓаат и двете опозиции, и во Македонија исто и во Грција. Се поставува логичното прашање, ако според грчката опозиција Договорот бил штетен тогаш тој треба да биде добар за македонската опозиција. Обратно, доколку Договорот бил лош за Македонската опозиција во таков случај тој требало да биде добар за Грчката опозиција, што не е така. За двете опозиции од Двете страни на Спогодбата таа не е добра и во тоа двете опозиции потполно се согласуваат. Согласноста на Грчката и Македонската опозиција можеби се должи на сличноста на имињата на лидерите на двете опозиции, партиите ДПМНЕ Мицко-ски и Нова демократија Мицотакис, па споено би било Мицко-такис!

Да се вратиме на референдумот од кој зависи дали Договорот со Грција ќе стапи во сила доколку тој успее или доколку референдумот не успее Договорот се поништува како никогаш да не бил донесен. Нашиот Мицкотакис најави дека доколку референдумот биде обврзувачки а не консултативен, партијата ДПМНЕ ќе учествува и нема да го бојкотира, со тоа што би гласале против. Тоа е нивно право да гласат како што гласачите сакат, но важно е членовите и симпатизерите на ДПМНЕ да не го бојкотираат референдумот во кој случај излезноста на референдумот значајно ќе се намали што води кон неуспешен референдум и не ја одразува волјата на целиот народ.

Имајќи го во предвид фактот дека на нашиот Мицкотакис не може да му се верува, може да се случи во последен момент партијата ДПМНЕ да го бојкотира референдумот, па така да се доведе во прашање успешноста на истиот. Поради ова, Владата на Заев треба благовремено да го има овој факт во предвид и да преземе соодветни мерки во смисла да се намали цензусот од 50% на помалку на 40% со што ќе се компензира намалената излезност во случај на бојкот од страна на опозицијата.

Мое мислење е дека сѐ додека Груевски не се притвори тој ќе има силно влијание на нашиот Мицкотакис и Хорхе, па така тие силно ќе се заложат референдумот да не успее, земјата да не влезе во НАТО и да не почнат преговорите со ЕУ што тоа им е крајната цел. Имајќи го во предвид фактот дека членовите ни симпатизерите на ДПМНЕ е неуко и полуписмено, тие нема да го прочитаат Договорот а слепо ќе му веруваат на лидерот на партијата дека Договорот е штетен за Македонија и ако излезат ќе гласат проти в, а постои опасност да го бојкотираат референдумот во кој случај тој нема да успее доколку претходно не се намали цензусот. Не може во никој случај да се очекува дека членовите на ДПМНЕ ќе постапуваат разумно, кога нивниот лидер под мониторинг на почесниот лидер на партијата не можат и/или не сакаат да бидат разумни за да го прифатат Договорот кој за нив ќе остане капитулантски…
Колку убаво би било целиот народ во Македонија да е разумен, да гледа во иднината и донесе правилна одлука на претстојниот референдум. Но тоа е Македонија…

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...