На „Јутјуб“ се појави снимка, за која се тврди дека е направена во маркет во Штип, а на која се гледа, како момче буквално го празни рафтот со чоколади.
Од снимката, може да се забележи дека момчето очигледно е голем љубител на чоколадите, со оглед дека однесе 38 чоколади „Милка“ од 300 грама, кои ги става во своето палто.
„Добија ли штипјани крадец на чоколади вреден за Гинис“, прашуваат граѓани на социјалните мрежи.