„ЗА НЕД ДО” освои шест златни медали на турнир во Грција

80

Академијата за боречки спортови и вештини „ЗА НЕД ДО” од Битола освои шест златните медали на меѓународни турнири кои се одржаа Лангад, Грција.

– „ЗА НЕД ДО“ на покана на Грчката федерација за боречки вештини и спортови учествуваше на осмиот Интернационален и 12. Сегрчки шампионат за боречки вештини и спортови кој се одржа од 23 до 24 ноември 2019 година. Натпреварувачите повторно манифестираа фантастичен настап па се вратија со дури шест златни медали што е потврда за напорното работење и големата посветеност и професионалност на академијата, соопштија од битолскиот клуб.

На натпреварите учествуваа над 1.000 натпреварувачи

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...