За Мандиќ се барал притвор за да не избега зашто има хотел во Грција

1632

Шефицата на организираниот криминал Вилма Русковска во денешното гостување во 24 Отворено во врска со повикувањето на Ременски  во судот и откривањето на суми испратени преку вибер пораките, изјави дека истрагата се уште трае и не може да зборува за детали во истрагата.

– Во фаза на истрага не можам да зборувам подетално. Воопшто не реков дека постојат некои цифри. Сопругот на Ременски е вработен во АНБ, не е во МВР. Тој не е повикан, а дали ќе биде повикан зависи од други околности. Не исклучувам можност да бидат повикани други лица – рече Русковска.

На прашањето како се проценило дека за другите не е побарано притвор, таа изјави дека притвор беше побаран само за една осомничена, но судот го одбил предлогот и одреди куќен притвор.

– За другата, која беше породена, ние како обвинителство предложивме одземање на патната исправа и за третиот само мерки за претпазливост. Сметавме дека не е во ред цели семејства да завршат во истражен затвор. За четвртата сметавме дека мерки на претпазливост се доволно добри, зошто добар дел од доказите и сведочењата во предистражна постапка, беа обезбедени и само за првоосомничената каде баравме притвор, баравме зошто знаевме дека има хотел во Грција и постои можност за бегство- рече Русковска.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...