За малку трагедија: Се сруши ограда на стадион (ВИДЕО)

286

На натпреварот Еибар-Севиља повредени се 14 навивачи на гостите кога попуштила оградата на трибините каде беа сместени.

Севиља го победи Еибар со резултат од 3:1 на гостување во седмото коло на Примера лигата, но резултатот остана во сенка на немилиот настан на трибините на Estadio Munisipal de Ipurua.

После славењето на голот на Банега во 59 минута од натпреварот, оградата на трибините каде беа сместени навивачите на Севиља попушти и тие паднаа покрај теренот. При тоа повредени се 14 навивачи од кои 10 биле задржани во болница, соопшти клубот.

За среќа, никој од навивачите не е животно загрозен, а повеќето поминале со скршеници.

ФОТО: Твитер

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...