Познатата американска скијачка Линдзи Вон соопшти дека претстојната сезона ќе биде последна за неа.
33-годишната Вон има 82 победи во трките од Светскиот куп и четири пати го освојувала големиот Кристален глобус.
– Ова ќе биде последна сезона во мојата кариера – напиша Вон на Инстаграм.
Атрактивната Американка последните неколку сезони се соочуваше со повреди, па посакува во последната нејзина сезона да нема такви проблеми и успешно да стави печат на богатата кариера.
Фото: EPA/ANDREA SOLERO