За кошмарот на сестрите Софи и Џесика слушнете во кината низ Македонија

146

Германскиот психолошки трилер „Четири раце“ во режија на Оливер Кинле ќе може да се гледа во кината низ Македонија.

Двете сестри Софи и Џесика се сведоци на свирепо убиство во нивното детство. Џесика и ветила на својата помлада сестра Софи дека секогаш ќе ја чува, меѓутоа како стануваат возрасни ова постанува опсесија. Сега, Џесика (28) страда од параноја и насекаде гледа закани кон неа и нејзината сестра. Додека пак Софи (26) сака да живее нормален живот без никакви стравови и без својата сестра. Сака да постане пијанистка и среќно да се вљуби. Кога сторителите на свирепото убиство ќе бидат ослободени од затвор по 20 години, ветувањето на Џесика, дека секогаш ќе ја чува помалата сестра, се претвора во кошмар.

Дистрибуцијата во киносалите започна со проекција во Кинотеката на Македонија и Центарот за култура „Ацо Ѓорчев“ во Неготино, од каде продолжува во Скопје, Струга и во останатите градови низ земјава.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...