„Македонија – Блокира“ информира дека на синоќешната седница за претседател на Републичкиот изборен штаб за претстојните избори го избра Ацо Николовски член на извршниот комитет на Единствена Македонија која е дел од „Македонија-Блокира“.
Од таму велат дека Ацо Николовски има богато искуство во организацијата на избори и на сенародните македонски протести по повод уставните измени и за време на референдумската кампања.
На седницата се дискутирало и за подготовките на кандидатот за претседател на „Македонија-Блокира“, Филип Петровски, на конвенцијата во Струга 16 февруари.
„На седницата е донесена одлука да се соберат и 10.000 потписи за кандидатурата на Петровски бидејќи освен големата подршка од членството на ВМРО-ДПМНЕ и од „Македонија-Блокира„ каде членуваат 84 организации – партии и здруженија од земјата и дијаспората, со потписите ќе се потврди подршката која д-р Филип Петровски ја ужива меѓу народот со што Петровски би бил надпартиски народен кандидат подржан од „Македонија-Блокира““, се наведува во соопштението.