Државниот врв се распореди каде ќе биде за одбележувањето на Денот на републиката – 2 август.
Премиерот Зоран Заев најверојатно ќе биде во Пелинце, а првиот човек на Собранието, Талат Џафери, ќе остане во Скопје.
Претседателот Ѓорге Иванов, пак, оваа година за Илинден ќе биде во Крушево на Мечкин камен.
Тој на манифестацијата Илинденски марш ги повика граѓаните во што поголем број да се искачат на Мечкин камен.
– Ги повикувам македонските граѓани од сите краишта на нашата татковина Република Македонија, во што поголем број да дојдат во Крушево. Да дојдат во нашата прва македонска република, да се искачат на Мечкин Камен, за заедно да ги пречекаме овие храбри и посветени коњаници. Да ги пречекаме и да го поздравиме нивниот истраен и незапирлив марш кон слободата. Бидејќи слободата не се освојува еднаш засекогаш, туку секој ден и постојано. Низ секој наш творечки подвиг и низ секој изгрев што нè осветлува – повика претседателот.
ФОТО: EPA/TOMISLAV GEORGIEV