За измислена сообраќајка побарал 50.000 евра од Скопјанка за да „среди“ синот да не заврши во затвор

Полицијата работи на расчистување на случајот.

2901

Шеесетиосумгодишна Скопјанка е оштетена со 135.500 денари од измамник кој ѝ понудил да го спаси нејзиниот син кој наводно прегазил дете во сообраќајна несреќа.

Полицијата соопшти дека В.Т.(68) пријавила дека измамникот ѝ се јавил на домашниот телефон во станот на нејзиниот син и ја информирал дека нејзиниот син направил сообраќајна несреќа во која прегазил дете за што може да добие затворска казна. При тоа ѝ се понудил за 50.000 евра да го „спаси“ синот од затвор. Скопјанката, како што соопшти полицијата, му рекла дека нема толку пари, па тој ја прашал колку можела да најде. По кратко време, таа по таксист кој го испратил измамникот испратила 135.500 денари.

Подоцна таа го побарала синот и сфатила дека била измамена.

Полицијата работи на расчистување на случајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...