За излез од Македонија на „Богородица“ се чека до два часа

За излез од Македонија преку граничниот премин „Богородица“ времето на чекање изнесува речиси два часа, а двете страни на границата се споени со автомобили,  изјавија за МИА граѓани кои се дел од долгите колони автомобили.

345

Претходно, од дежурната служба на ГП „Богородица“ информираа дека од македонска страна граничниот премин работи со полн капацитет и оти се пуштени сите шест ленти, но оти застојот е од грчка страна и засега не се познати причините. Воедно во овој период од годината е зголемена фрекфенцијата на возила на туристите.

Според последните податоци на Автомотосојузот на Македонија, на ГП „Дојран“ се чека од 15 до 30 минути, а на останатите гранични премини, нема подолги задржувања за влез и за излез од државава.

АМСМ информираше и за зголемен интензитет на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.

loading...