Mинистер за внатрешни работи и иден технички премиер Оливер Спасовски начелно нема проблеми со предлозите на опозицијата за министри и дополнителни заменик-министри, со исклучок на предлогот за министер за внатрешни работи за кој смета дека ќе придонесе за милитаризација на МВР.
-Како иден мандатар мислам дека еден од главните принципи е да го почитуваме Уставот и во тој поглед воопшто немаме дилема дека тоа треба да биде пред се и над се. Второ, кога размислуваме за овој кандидат размислуваме и за милитаризацијата на МВР, а тоа воопшто не е потребно во демократска држава и демократско општество – рече Спасовски.
Тој нагласи дека на сите им е познато што значеше милитаризацијата на МВР на времето со доаѓањето на Горан Грујовски и дека тоа потсетува на, како што рече, огромното закочување на човековите права и слободи.
-Не сакам да прејудицирам и да зборувам за човекот што било друго – рече Спасовски.
За другите предлози од опозицијата нагласи дека начелно нема проблем со тие кандадати за министри.
-Начелно немам проблем во однос на овие кандидати за министри. Меѓутоа, тоа ќе го кажам во моментот кога ќе се добие составот. Време има секогаш и апсолутно може да се успее со изборот на техничка влада. Имаме искрени и чесни намери да се одржат изборите на 12 април – потенцира Спасовски.