За една недела регистрирани 74 заболени од грип

92

Од 19 ноември до 25 ноември во Македонија се регистрирани 74 заболени од грип, што е намалување за 14,9 отсто споредено со предминатата седмина (од 12 ноември до 18 ноември) кога беа регистрирани 87 заболени лица, се наведува во извештајот што на својата веб страница го објави Институтот за јавно здравје.

Најголем број заболени (47) се пријавени во најголемата возрасната група од 15-64 години, додека највисока инциденца од 8,6 на 100.000 жители е регистрирана кај децата на возраст до четири години. Најголем број заболени, 12, се пријавени од Центарот за јавно здравје Струмица.

Во сезоната 2018/2019 вкупниот број заболени од грип изнесува 344. Споредено со истиот период од минатата сезона кога биле регистрирани 525 случаи, постои намалување на вкупниот број на пријавени случаи за 34,5 отсто.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...