За Духови ЈСП ќе пушти повеќе автобуси кон Бутел

364

Автобусите од јавниотпревоз утре и задутре ќе возат со изменет возен ред поради двата празника, 24 мај-Денот на „Св. Кирил и Методиј“ и 25 мај-Духовден.

Во четврток на 24 мај, автобусите ќе сообраќат по неделен возен ред, а во петок на 25 мај, ќе важи саботен возен ред.

– За Духовден во петок, сабота и недела, ЈСП Скопје ќе го зголеми бројот на поаѓања кон гробишта Бутел од Карпош, Ново Лисиче, Кисела Вода и во зависност од потребите на граѓаните ќе бидат ангажирани дополнителен број на автобуси во периодот од 5 до 14 часот, информира ЈСП.

Подетални информации може да добиете на  веб страницата www.jsp.com.mk,

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...