Лидерот на ДУИ Али Ахмети изјави дека за нив е прифатливо претседателот на државата да се избира и во Собранието, доколку не биде обезбеден потребниот цензус на претстојните претседателски избори.
– Ние оваа тема ја потегнавме пред 10 години. Тогаш немавме поддршка од нашите меѓународни пријатели, но сега изгледа дека е оправдано да се мисли на такво нешто. Претседателот може да се избира и во Собранието, и мислам дека е тоа оправдано – рече Ахмети во синоќешното интервју за ТВ 21.
Ахмети кажа дека ДУИ стои зад кандидатурата на Стево Пендаровски за претседател на државата. Вели дека со тоа се гради нов концепт и прв пат има заедничка кандидатура што има поддршка и од македонските и од албанските политички сили.