За дрога тешка над 69 килограми ОЈО гони тројца соизвршители

136

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струга донесе наредба за спроведување истражна постапка против три лица, државјани на Република Албанија, за сторено кривично дело – неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори. Ова го соопшти службата за односи со јавноста на Јавното обвинителство на Република Македонија.

– Осомничените на ден 22.12.2018 година околу 1.40 часот како соизвршители неовластено заради продажба пренесувале шеесет и девет килограми и триста и десет грама дрога – марихуана. Дрогата претходно ја спакувале во црни најлонски ќеси и ја пренесувале на магистралниот пат Струга – Ќафасан во близина на село Франгово. Притоа биле откриени и приведени од страна на овластени службени лица на Министерството за внатрешни работи – стои во соопштението.

Надлежниот обвинител ценел дека постојат околности што укажуваат на опасност од бегство, поради што до судија на претходна постапка од Основниот суд Струга доставил предлог за определување на мерката притвор за тројцата осомничени.​

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...