За ден-два ќе се знае дали заболената жена сѐ уште може да инфицира други лица

Чекаме 14 дена да поминат, толку според сегашните информации трае инкубацискиот период, а на 14. ден ќе ги прегледа инфектолог и ќе се реши дали сите да се тестираат повторно на коронавирусот или ќе продолжи здравствениот надзор, појасни Филипче.

602

По двајцата странци вчера, нема нови тестирани на коронавирус на Инфективната клиника во Скопје, а сите лица кои се во изолација по доаѓањето во земјата, заедно со жената која заболе од новиот вирус, се здрави и ниту еден не се пожалил дека има симптоми на болеста. Стабилна е и состојбата на пациентката кај која беше потврден вирусот Ковид-19, истакна на денешната прес-конференција во Владата министерот за здравство, Венко Филипче.

Направен е уште еден контролен тест на првата и засега единствена заболена од коронавирус во земјава, кој е негативен, но за истиот да се потврди треба да поминат 24 до 48 часа.

– И тоа ќе го направиме согласно препораките и проценката на нејзината клиничка состојба и за резултатите ќе информираме. Доколку и контролниот тест е негативен,  таа повеќе не е инфективна и не може да ја пренесе болеста. Двајцата странци кои вчера се тестираа, а престојувале во скопски хотел, се негативни – додаде Филипче.

Тој нагласи дека лицата кои се во изолација комуницираат секојдневно со епидемиолозите, а на два дена им се прават и визити.

– Чекаме 14 дена да поминат, толку според сегашните информации трае инкубацискиот период, а на 14. ден ќе ги прегледа инфектолог и ќе се реши дали сите да се тестираат повторно на коронавирусот или ќе продолжи здравствениот надзор. Сознанијата засега се дека инкубациониот период е 14 дена – појасни Филипче.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...