За денеска се прогнозираат ветер и дожд

273

Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Локално врнежите ќе бидат поројни проследени со грмежи и засилен ветер.

Утринската температура ќе се движи од минус еден до седум, а дневната од 10 до 20 степени.

Во Скопје, слично време, променливо облачно со повремени врнежи од дожд проследени со грмежи и засилен ветер. Утринската температура ќе се спушти до шест, а дневната ќе се искачи до 16 степени.

Во петок и за време на викендот ќе преовладува претежно стабилно и релативно топло време. Од понеделник попладне се очекуваат нови локални врнежи од дожд.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...