За два дена ќе биде познато што открила истрагата во врска со случајот „Јавна соба“, групата на „Телеграм“ во која членовите споделуваа порнографски материјали од девојки, а која беше избришана откако за неа се дозна во јавноста. Ова за Мета го потврдила заменичката министерка за внатрешни работи Славјанка Петровска, која истакнала дека засега нема нови пријави од девојки кои биле злоупотребени во групата.
– Двата телефона, оној на администраторот и оној на креаторот на групата се вештачат и многу скоро се очекуваат наодите од истрагата. Нови пријави од девојки засега нема – вели Петровска.
Целиот текст прочитајте го ТУКА.