За да ја лажирaат смрта, Бабченко го полеале со свинска крв и го однеле во капела

1117

Рускиот новинар кој соработувал со украинските власти во лажирањето на сопственото убиство бил полеан со свинска крв и префрлен во капела.

Аркадиј Бабченко на колегите новинари им ги изнел деталите на исценираниот инцидент, откако украинските власти открија дека го лажирале неговото убиство во наводната акција на руската служба за безбедност против него.

Бабченко на прес- конференцијата изјавил за новинарите во Киев дека можел да ги одбие украинските власти кои му ја предложиле идејата за лажното убиство пред еден месец.Тој тврди дека доброволно прифатил.

Киевската полиција соопшти дека Бабченко е убиен од огнено оружје во својот дом, но ден подоцна објави дека тој е жив и дека е уапсен осомничен за тој случај.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...