Први неофицијални резултати од повеќе од 85,71 отсто обработени податоци објави вечерва Државната изборна комисија (ДИК). Обработени се 3.011 избирачки места, 541.301 граѓани гласале или 36,11%.
532.218 се важечки ливчиња, неважечки 16.073, неупотребени 960.993 ливчиња.
– Спроведовме добро организиран референдумски процес. Имаше повеќе субјекти кои секој на свој начин придонесоа за успешноста на овој процес. Атмосферата беше добра со исклучок на минорен број инциденти – рече Оливер Дерковски, претседател на ДИК.
Според него, на референдумот не е донесена одлука.
Граѓаните на Македонија на денешниот референдум се изјаснуваа за прашањето „Дали сте за члество во ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција“.