За влез во Грција се чека 30 минути

На останатите премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопшти Автомотосојузот.

218

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини Богородица и Дојран за излез од нашата држава се чека околу 30 минути, а на останатите премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопшти Автомотосојузот.

Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Тоа посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...