За викендот постудено за 10 до 15 степени, со снег и ветер

270

Локални врнежи од дожд во петок и значително намалување на температурите за 10 до 15 степени целзиусови од викендот, најавија од Управата за хидрометеоролошки работи.

Во петок во текот на денот ќе настапи зголемување на облачноста, попладне и во текот на ноќта со локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Поради спуштање на студена воздушна маса од север, врнежите во сабота ќе преминат во снег и на некои пониски места.

За време на викендот ќе дува засилен, повремено силен североисточен ветер особено во петок во текот на ноќта и во сабота кога на места ќе достигнува до 80 км/час. Температурата значително ќе опадне за 10 до 15 степени.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...