За Велигден градските автобуси во Скопје ќе возат по неделен возен ред

109

По повод претстојните велигденски празници, во петок, 26 април, возилата од јавниот превоз ќе сообраќаат по неделен возен ред, со исклучок на автобусите на линиите 11, 11А, 18 А, 32, 47А, 51, 55, 55В, 56, 56А, 64А, 65А, 70, 74, 80А, 81, 118, 160, 180, што ќе возат по делничен возен ред.

Во сабота 27 април, недела 28 април, и понеделник 29 април, автобусите на сите линии ќе сообраќаат по неделен возен ред, соопшти ЈСП.

Автобусите по неделен возен ред ќе сообраќаат и во среда на 1 Мај-Меѓународниот ден на трудот.

Жичарницата на Водно ќе работи вообичаено сите празнични денови од 10 до 18 часот, а автобусите што сообраќаат до Средно Водно 25 (Транспортен центар-Средно Водно), 25А (Автомакедонија-Средно Водно) и 25Б (Дом на печат-Средно Водно) в понеделник, 29 април, ќе возат по неделен возен ред.

Жичарницата во вторник, 30 април, нема да работи.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...