По неколкучасовно патување Ватрените стаса на плоштадот во Загреб. Таму ги пречекаа стотина илјади луѓе. Имено, во 19 часот полицијата објави нови податоци за бројот на граѓаните кои ги дочекаа Ватрените.
-Според моменталната процена на Плоштадот Бан Јелачиќ и во строгиот центар на градот се собрале околу 250 илјади граѓани, стои во информацијата на полицијата.
Полицијата претходно објави дека на трасата од аеродромот имало 200 илјади луѓе.
Програмата на плоштадот траеше околу еден час. Фудбалерите и се обратија на јавноста.