За борбата против ебола Бурунди доби половина милион евра

Ризикот вирусот да се прелее во соседните земји расте од ден во ден, поради што Европската Комисија оценува дека треба да се зголеми поддршката, посебно на источните граници на Конго. 

43

Европската Комисија денеска соопшти дека 465 илјади евра ќе му бидат ставени на располагање на Бурунди, земја која се наоѓа на граница со Демократската Република Конго, каде не запира епидемијата од ебола вирусот.

Ризикот вирусот да се прелее во соседните земји расте од ден во ден, поради што Европската Комисија оценува дека треба да се зголеми поддршката, посебно на источните граници на Конго. 

Европската Унија од денеска ја зголемува финансиската поддршка за Бурунди на 465 илјади евра за помош во справувањето со оваа здравствена криза.

-За ефикасна борба со вирусот ебола не само што треба да се справиме со случаите во ДР Конго туку треба да ги засилиме напорите за да спречиме болеста да се прелее во соседните земји како Бурунди, изјави денеска еврокомесарот за хуманитарна помош, Христос Стилијанидес.

Финансиските средства ќе се користат за зајакнување на превентивните мерки и подготвеност за справување со вирусот во Бурунди, и треба да помогнат за подобра координација и надзор во најризичните делови од земјата.

Овие средства ќе бидат алоцирани преку Светската здравствена организација.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...