За БиХ од денеска ќе патуваме со лична карта

120

Спогодбата за услови на патување меѓу Република Македонија и Босна и Херцеговина од денеска стапува во сила, со што на граѓаните им се овозможува влез во двете држави и со лична карта, информира Министерството за надворешни работи.

„Во сила стапува Спогодбата меѓу Владата на Република Македонија и Советот на министри на Босна и Херцеговина, за условите за патување на државјаните на двете земји, која беше потпишана од страна на двајцата министри за надворешни работи на двете земји, Никола Димитров и Игор Црнадак на 12 март, 2018 година“, се наведува во соопштението од МНР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...