За битолцките работи

Работно лето?! Шо ќе работите? Ќе одите да ги убедвате луѓето дека нема поќе да сте арогантни? Дека „уште е криво ВМРО“? Дека некој ќе лежи и ќе ги врати парите? Не бе дечки, МОРЕ да донесите во Битола, поќе никој не ви верва!

4286

Дефинитивно, ова време на градење на „едно општество за сите”  го обележаа две реченици:

„Не сте исти ко нив – полоши сте!“

„Ако не па ВМРО да го вратиме!?“

И секогаш кога ќе се упати било каква критика, па макар и најмала, ова е како нож за оние кои седнаа на фотелја. И не знам зошто осеќам потреба да ги објаснам, иако знам дека ништо, ама баш ништо не допира до „другарите” од власта.

Ќе се вратам на она првото. Знајте зошто сте полоши?

Оти со сите се скаравте! Пред вие да дојте на власт, луѓето имаа надеж дека нешто ќе се смени, излегваа на улица мислејќи дека криминалците ќе „лежат”, мислеа дека нема да барате список од Месната за вработување, мислеа дека нема да му ги прегледвате и броите лајкојте на фб, дека нема да се заканвате ако кажат личен став.

Место то добија исто она што имаа, ама сега од „своите”. Е зато не сте исти – полоши сте!

И ни се смачи од то „ако не па, ВМРО да го вратиме“. Кога и да кажи некој свој став, критика или предлог, одма мора да се нападни со „ако не па, ВМРО да го вратиме, тогаш поубо да не беше“.

Не бе дечки. Вие сами ќе го вратите и то ВМРО не мора ништо да прај. Со ќутење ќе се врати, ама вие го враќате, со вашата ароганција, неспособност, потребата да се карате, и најмногу со незнаењето да ја скриете потребата за пари и моќ.
Како шо имате тргнато, изгледа сакате да бидите ВМРО… Ко ќе порасните!

***

Работно лето?! И еве, денојве ве гледам работно лето ќе сте имале. Шо ќе работите? Ќе одите да ги убедвате луѓето дека нема поќе да сте арогантни? Дека „уште е криво ВМРО“? Дека некој ќе лежи и ќе ги врати парите?

Не бе дечки, МОРЕ да донесите во Битола, поќе никој не ви верва!

И ако толку сакавте да се попрајте, не одете на средби само со „вашите”. Соберете храброст и напрајте јавни дебати, ама со луѓе кои не се дел од власта. Излезете и јавно дебатирајте. Дури ми се сликате со членојте ваши дека имате средби, не е то работа.

И да не се лажиме, кај да е, за некој ден ќе зафатите по плажите, после ќе почнат зимниците, па Нова година, па паре ќе вртите и после ќе има избори.

Кој ќе победи? Не знам, ама знам дека Битола одамна само губи!

(ФБ статус на авторката)

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...