Досега не сме зборувале за имиња, но мислам дека Денко Малески е угледен професор, професор што ги исполнува сите стандарди, изјави лидерот на ДУИ Али Ахмети одговарајќи на новинарско прашање дали тој е прифатлив консензуален кандидат за претседател на државата, јави телевизијата 21.
Според Ахмети, најдобар кандидат засега е Денко Малески.
– Но сепак останува за ова да разговараме со сите политички субјекти – рече Ахмети.