За Адеми скандал е споменувањето на сестра му во медиумите дека е вработена во ЕЛЕМ ВИДЕО

978

Распределбата на финансиите во рамки на годиншната програма при министерството за култура е направена согласно закон. Комисиите си ја вршеа својата работа најпрофесионално – доколку има пропусти подготвен сум да сносам политичка одговорност и да дадам оставка. Доколку се испостави грешка во работењето на комисиите при министерството тој којшто ја направил грешката ќе одговара исто како и јас, вели министерот Асаф Адеми во интервју за ТВ 24.

Адеми потенцира дека скандал е тоа што неговата сестра се споменува во медиумите само затоа што е вработена во ЕЛЕМ, а додека за распределбата на парите министерот вели дека се прави медиумска хајка.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...