За адвокатот на Димовски, Дурловски и Пепиќ Законот за амнестија е контроверзен

290

Адвокатот на тројца обвинети за 27 април, Еленко Миланов, смета дека вчера изгласаниот Закон за амнестија е контоверзен и оти ќе има проблеми во неговата примена. Тој потенцира дека поголемиот дел од оние кои се опфатени во постапките, ќе мора да бидат тргнати.

– Има многу проблеми во делот на тоа дека за делото ‘насилство’, еден дел потпаѓа под законот. Треба да се види на каков начин ќе се толкуваат делата затоа што ако одиме по оваа логика на работите, нема премногу цврсти докази за многу лица дека неовластено поседувале оружје, нема доволно докази дури и за она дека некои од лицата со прикриен идентитет презеле некое дејство на насилство. Вака како што е конципиран, законот ќе биде доста контроверзен и долго време нема да се одлучи по барањата што ќе бидат поднесени – вели Миланов.

Тој е адвокат на пратеникот Љупчо Димовски, пејачот Игор Дурловски и Мунир Пепиќ од Агенцијата за разузнавање. Тие, вели Миланов, според тоа што го пишува во обвинението треба да бидат амнестирани.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...