Захарова благодарна што Киев спречил евентуална несреќа на руски авион

399
ФОТО МИА

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова ја поздрави одлуката на Киев да му дозволи на рускиот авион да влезе во воздушниот простор на Украина, со цел да се избегне несреќа поради лошите временски услови.

– Одлични вести. Ви благодарам – напиша Захарова на својот Фејсбук профил.

Украински контролори пуштиле руски авион во воздушниот простор на земјата и покрај постоечката забрана, со цел да се спречи трагедија, се наведува во објавата на официјалната страница на „Украерорух“ на Фејсбук.

Авион на руската авиокомпанија „Глобус“ Боинг 738 REG-VKuBMG, летал од Бари кон Москва. Пилотот за да спречи несреќа поради лошите временски услови, добил дозвола за користење на воздушниот простор на Украина, во кој се наоѓал 26 минути.

„Украерорух“ соопшти дека контролорите на лет работеле во рамки на меѓународните стандарди ИКАО и врз основа на одлуката на Советот за безбедност на летови при Државната воздухопловна служба на Украина од 2 декември 2015 година.

Во Украина од 2015 година во сила е забрана за влез на руски авиокомпании во воздушниот простор на земјата. Во октомври истата година, Федералната агенција за воздушен сообраќај на Русија воведе контрамерки, целосно забранувајќи им на украинските авио превозници да летаат над територијата на Русија.

ФОТО: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...