Министерката за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева, побарала Oрце Kамчев да биде почесен конзул на Бугарија во Mакедонија, бидејќи, како што вели за бугарската агенција Фокус, тој го заслужува тоа и е препознатлива фигура.
Захариева вели дека ова ќе им помогне на билатералните односи во целост во местата каде што Бугарија нема конзуларни услуги. Таа посочи дека камчев е претседател на фондација која спонзорира различни културни настани.