Захариева: Тоа е билатерално прашање меѓу Грција и Македонија, ние нема да присуствуваме

Тоа е билатерално прашање меѓу Грција и Македонија. Ќе присуствуваат двајцата еврокомесари и заменикот генерален-секретар на ОН.

315

Шефицата на бугарската дипломатија Екатерина Захариева нема да прусуствува на потпишувањето на договорот меѓу Македонија и Грција, што ќе се случи утре во Преспа на грчка територија.

– Тоа е билатерално прашање меѓу Грција и Македонија. Ќе присуствуваат двајцата еврокомесари и заменикот генерален-секретар на ОН. Ние нема да присуствуваме, изјави Захариева, одговарајќи на новинарско прашање во Градскиот парк во Скопје, каде што се одржува Фестивалот One love tour 2018.

На фестивалот учествуваат голем број изведувачи од Бугарија и Македонија.

Бугарската министерка вчера беше во посета на Струмица и Ново Село.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...