Захариева: Не беше лесно, огромен чекор за Македонија и Албанија

Според неа, заклучоците даваат многу јасна временска перспектива и конкретни одредници за двете држави – Македонија и Албанија. Таа појасни дека процесот за почеток на преговорите може да стартува вообичаено 6-7 месеци по одлуката на Советот.

490

Првпат по 2015 година Советот на ЕУ синоќа донесе одлуки за проширување, кои значат огромен чекор за европската перспектива на Македонија и Албанија, изјави бугарската вицепремиерка и министерка за надворешни работи Екатерина Захариева по состанокот во Луксембург на кој беше решено Скопје и Тирана да почнат преговори за членство во јуни 2019 година.

– Нема да кријам дека не беше лесно. Донесовме одлука исклучително добра за цела Европа, за Западен Балкан и за граѓаните во регионот. Ова решение не само што ја зголемува довербата во ЕУ, туку покажува дека ги исполнуваме обврските што ги преземавме кон граѓаните во овој регион, а европската перспектива на земјите од Западен Балкан не е само декларативна. Тоа е само почеток, процесот почнува допрва, има многу работа да се заврши – изјави Захариева која претседаваше на сосотанокот на Советот за општи прашања на ЕУ.

Според неа, заклучоците даваат многу јасна временска перспектива и конкретни одредници за двете држави – Македонија и Албанија.

Таа појасни дека процесот за почеток на преговорите може да стартува вообичаено 6-7 месеци по одлуката на Советот.

– Лично би сакала да видам похрабро решение, но синоќешното решение беше донесено исклучително тешко и означува огромен чекор кон европската перспектива за двете држави – наведе Захариева.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...