За прв пат по 80 години историчарите од Северна Македонија признаваат дека имало средновековна бугарска држава, изјави бугарската министерка за надворешни работи, Екатерина Захариева.
Во изјава за бугарското радио Дарик, Захариева вели дека во изминатава недела се одржале нови средби на комисиите од двете земји.
– Мислам дека имаше значителен напредок. За првпат по 80 години, историчарите од Северна Македонија велат дека постои средновековна бугарска држава. Парадоксот е дека политичарите овој пат се чини дека ги претекнаа историчарите, бидејќи двапати го прославувавме Илинденско востание, а комисијата сѐ уште не донела одлука. Искрено, најважно она што ќе биде напишано во учебниците и што ќе ги учиме нашите деца – вели Захариева.