Затоплувањето ќе се осети во паузите на ветрот

349

Денеска ќе дува повремено засилен северен ветер и ќе има зголемена облачност. Претежно во северните делови ќе има појава на слаб локален дожд на пониските места, а на планините локално ќе провејува слаб снег.

Температурата денеска ќе се движи од минус 4 до 11. Во Скопје од 4 до 8 степени.

Во четврток и во петок ќе биде сончево со значителен пораст на дневната температура, а во петок во поголемиот дел од земјава максималните вредности ќе бидат во интервал од 15 до 20 степени. Повторно зголемување на облачноста со услови за слаб локален дожд се очекува во сабота.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...