Затвор му се заканува на поранешен европарламентарец

Тој е осомничен дека сторил кривично дело тешка измама за време на својот пратенички мандат во Брисел.

148
ФОТО: EPA / STEPHANIE LECOCQ

На поранешниот пратеник на Народната партија на Австрија (ОВП) во Европскиот парламент Рихард Зебер му се заканува затворска казна во траење од 10 години.

Тој е осомничен дека сторил кривично дело тешка измама за време на својот пратенички мандат во Брисел.

Судењето против него треба да се оддржи на почетокот на следната година во Инсбрук, а на товар му се става дека од 2004 до 2014 година, периодот во кој бил пратеник во Европскиот парламент, предавал лажни договори и сметки за еден екстерен советник за услуги кои не му биле дададени.

Вкупниот износ на малверзацијата изнесува 409.956 евра, што е над 300.000 евра, заради што му се заканува казна до 10 години затвор, доколку на крајот од судењето биде и осуден.

Покрај него обвинет е и тогашниот негов советник, еден романски државјанин.

„Првиот обвинет , конкретно, предавал лажни договори за сметките на екстерниот давател на услуги за подршка, иако услугите не биле давани“, укажува Обвинителството за борба против корупцијата.

Парите добиени од таквите договори и сметки директно биле префрлани на сметката на советникот и тоа во периодот од 2006 до 2010 година.

Зебер, кој во моментов е директор на Канцеларијата за врски на австриската покраина Тирол во Брисел, ги негира обвинувањата и вели дека е многу изненаден од обвинението.

ФОТО: EPA / STEPHANIE LECOCQ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...