Аеродромот „Мајка Тереза“ во Тирана е затворен поради огромно оштетување на терминалот по земјотресот што ја погоди Албанија рано утрово.
Локалните медиуми јавуваат дека денеска не работат ниту училиштата.
Најмалку шест лица загинаа, а повеќе од 300 луѓе се повредени во земјотресот со јачина од 6,4 степени според Рихтер што рано утрово ја погоди Албанија.