Затворени 114 пиратски сајтови во Италија кои емитуваа натпревари од Серија А

59

Италијанските власти затворија 114 пиратски сајта кои пренесуваа натпревари од Серија А, објави „Кориере дело спорт“.

Операцијата се одвиваше под кодно име „Фри фудбал“.

Серија А е активна во борбата против пиратството и презема мерки за да спречи нелегално емитување.

– Нашите производи, бренд и правата на навивачите мора да бидат заштитени од пиратеријата – рече Луиџи Де Сиерово, извршен директор на Серија А.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...